Украинскиот претседател Володимир Зеленски изјави дека руските сили „целосно го уништиле“ украинскиот регион Донбас додека Русија ја интензивира својата офанзива во источна Украина.

Зборувајќи во видео обраќање Зеленски исто така ги обвини руските сили дека се обиделе да убијат што повеќе Украинци и да направат што е можно поголема штета и го повтори своето обвинување дека Русија врши геноцид.

Тој вели дека има постојани удари врз регионот на Одеса, врз градовите во централна Украина.
Окупираниот јужен украински регион Херсон наскоро ќе биде целосно интегриран во Русија, изјави новиот гувернер Володимир Салдо. Тој беше поставен на функцијата од руските сили откако тие ја презедоа контролата врз регионот во почетокот на март.
Заменик-командантот на единицата Азов, Свјатослав Паламар изјави дека тој и командантите на единицата сè уште се во фабриката на фабриката за челик „Азовстал“, пренесуваат медиумите.

Русија изјави дека од понеделникот повеќе од 1.700 борци од фабриката „Азовстал“ биле однесени во областите под руска контрола












