ТЕРА

REKLAMA???

ЗЕМЈОТРЕС НА КАМЧАТКА СО ЈАЧИНА ОД 6,9 СТЕПЕНИ ПО РИХТЕР

На Камчатка, на далечниот исток на Русија, е регистриран земјотрес со јачина од 6,9 степени по Рихтеровата скала. Епицентарот на земјотресот, според регионалниот огранок на Геофизичката служба на руската Академија на науки, бил во Авачкиот залив на длабочина оид 100 километри, пренесува Интерфакс.

Од руското Министерство за вонредни ситуации истакнуваат оти, според прелиминираните информации, нема жртви, ниту материјална штета. Не е објавено нитиу предупредување за цунами.