Доаѓа периодот на славење. Периодот кој го поминуваме со најблиските, периодот на давање љубов и споделување. Токму во овој дух беше дизајнирана и Зимската бајка – првиот зимски фестивал од ваков вид во Белград, кој ги натера посетителите да го ценат овој најубав и најромантичен дел од годината. Вака ланската година беше најавена зимската бајка во Белград.

Со слоганот „Магијата е тука“, белградскиот Сава парк на вода стане место како од магичните празнични филмови и бајки, каде посетителите можеа да уживаат во својата омилена музика во автентична атмосфера, како и во богата гастрономска понуда. Имаше други зимски активности , како лизгање на мраз и дружење со Дедо Мраз.

Паркот Сава поделен на неколку зони, каде секој можеше да најде атмосфера за себе и за своите чувства. Авантуристите, романтичарите и најмладите посетители можеа да одат на големото лизгалиште „Леденото кралство“ или до „Волшебниот лавиринт“.

Кога ќе огладнеа им се придружуваа на гурманите и на сите други љубители на добрата храна и пијалоци.

Во центарот на сите настани бепе „Новогодишната елка на најубавите желби“.

„Зачекорете во радоста на Новата Година и Божик во прекрасната околина на Белград на вода. Зимската бајка ни ги носи најубавите бои, вкусови и мириси на празниците, на начин што до сега немавме можност да го доживееме во нашиот град. Соберете го семејството и пријателите, откажете ги сите други обврски и подгответе се да се препуштите на зимската магија, бидејќи Магијата е тука“ беше поканата од организаторот.


Според српските медиуми 1,5 милиони луѓе ја посетиле оваа зимска бајка во триесетте дена.

Само викендот пред Новата година околу 200.000 луѓе биле таму.




Фото: Принтскрин „Зимска бајка, Београд на води“












