ТЕРА

REKLAMA???

ИЗВЛЕЧЕНИ ЦИВИЛИТЕ ОД ФАБРИКАТА ЗА ЧЕЛИК ВО МАРИУПОЛ

Последните украински бранители во опколениот пристанишен град Мариупол се судрија со руските освојувачи кои бараат симболична победа пред празникот Денот на победата на 9 мај. Официјални лица од двете страни изјавија дека е завршена цивилната евакуација на фабриката за челик во Мариупол, иако судбината на преостанатите борци таму е нејасна, пишува Радио Слободна Европа.

Украина се подготвува за нов интензитет на офанзивата на Москва по евакуацијата на цивилите од Мариупол.

Украинските власти синоќа потврдија дека сите жени, деца и постари лица се евакуирани од фабриката за челик во Мариупол, која со недели е под опсада од руските сили среде урнатините на пристанишниот град.

Украинското Министерство за внатрешни работи објави снимка по вечерашното бомбардирање на училилиште во селото Билохоривка во регионот на Луганск, во чиј подрум се криеле 90 луѓе.

Украинските медиуми пишуваат дека 30 лица се спасени, а се стравува дека 60 се мртви.