ТЕРА

REKLAMA???

ИЗЛОЖБА ВО БИТОЛА ПОСВЕТЕНА НА ЛИКОТ И ДЕЛОТО НА СТОЈАН АПЧЕВСКИ

Во Офицерскиот дом во Битола беше отворена галериска поставка посветена на ликовниот опус на уметникот Стојан Апчевски, едно од големите имиња на битолската и македонската ликовна сцена кој го одбележа минатиот век. Од Културно-информативниот центар истакнаа дека со оваа изложба започнува новата ликовна сезона, која ќе биде обемна и респектабилна.

„ Битола е град кој им оддава должна почит на  своите величини, чествувајќи ги преку преку нивите дела како дел од колективната меморија и идентитет е град кој има иднина“.

Бројни пријатели, почитувачи, уметници и вљубеници во ликовната уметност беа присутни на изложбата да одадат почит кон овој голем ликовен уметник. На присутните им се обрати директорката на КИЦ Битола, Лили Бошевска, а со посебно видео обраќање од САД, се обрати наследничката на уметникот ,  внуката Паула Апчевска благодарение на која беше можно поставување на оваа поставка.

За значењето на творештвото на Апчевски осврт даде ликовниот критичар Владо Ѓорески.

„Битола од крајот на четириесеттите години до средината на деведесетите од минатиот век, оствари богат, современ и актуелен ликовен творечки амбиент, кој што често беше на рамниште на поважните ликовни случувања во југословенските простори. Делото на сликарот Стојан Апчевски иако е дел од тоа севкупно достоинствено, важно и значајно ликовно миље, остана недоистражено, неархивирано, без посериозни толкувања и размислувања. Ова е прв обид да се рехабилитира еден значаен опус кој е дел од тоа неповторливо европско творечко и културно живеење на Битола“.

Апчевски бил роден во 1936 година во Баница, Леринско. По дипломирањето веднаш се враќа во Битола и почнува да слика. Реализирал самостојни изложби во Битола, во Скопје, Нови Сад, Крагуевац, а учествувал на многу групни претставувања. Организирал повеќе изложби во сопствената галерија „Трон арт“ и во повеќе градови низ републиката.

Починал во 2012 година, веднаш по смртта не неговата сопруга и неколку години по смртта на неговиот син единец. Работел како просветен работник,предавал ликовно образование низ повеќе училишта во Битола. Автор е на грбот на Општина Битола за кој добил и специјална награда.