ТЕРА

REKLAMA???

ИЗЛОЖБА НА АГИМ ЏЕЛО ЗА ИСТОРИСКИТЕ ОБЈЕКТИ ЗАШТИТЕНИ СО ЗАКОН ОД ОСМАНЛИСКИОТ ПЕРИОД

Во битолскиот Музеј беше промовиран проектот “За историските објекти во Битола, заштитени со закон, од османлискиот период” чиј автор е Агим Џело, а реализиран со средства од Министертсвото за култура и туризам.

Проектот се состои од изложба и видео проекција, каде што учество со свои видувања имаа професорот по историја Љупчо Стојановски и Орхан Демири, професор по исламски науки и имам во Исхак Челеби Џамија.

 

На присутните им се обратија авторот на проектот Агим Џело и професорот Љупчо Стојановски, кои пред бројната публика зборуваа за значењето на овие објекти за градот Битола и за државата.

Присутните имаа можност да се запознаат какво историско богатство поседува Битола.