ТЕРА

REKLAMA???

ИЗЛОЖБА НА МОНЕТИ „ПРИКАЗНИТЕ ОД ГРАДИШТЕ“

Некој во минатото се шетал низ битолско, кај Црнобуки и планирал да оди на театар. Можеби во Хераклеја, можеби во Персеида, можеби во Линк.  Како и да е , својата „влезница“ ја заборавил, изгубил или можеби подарил, а таа останка до денес во просторот што денеска го нарекуваме археолошки локалитет Градиште, кај с. Црнобуки, битолско.

Најголемиот наод на добро зачувани сребрени монети е централно поставен во неколку витрини долж галериската сала. Археологот и советник кустос Насух вели тоа се монети од римскиот републикански период. Ама има и други наоди – предмети и пари кои посочуваат на градиште ( поимот град во својот суперлатив) во кое има и други наоди од друго време, има и други околни населби кои се топографирани и дел од македонската археолошка карта.

Вакви наоди и ваква изложба на територијата на нашата држава ретко има, вели директорот Зоран Николовски.

Изложбата е дел од проектот „Smart4You2“, „Приказната за Градиште“, истражувањето,  Насух и неговите колеги го започнаа во 2020 година, а веќе лани на помош пристигна екипа од универзитет од Калиформина, Кал Поли Хамболд што ги забрза истржаувањата – направено е ласерско снимање на реонот на локалитетот, сниман со радар за геофизичко длабинско снимање кога се откри улица и објекти, направена е анализа со методата Ц14 на универзитет во Остин, Тексас и досега е утврдено дека овде луѓе живееле од 360 година п.н.е до 670 год п.н.е.

Црнобуки е едно од малубројните места долж Пелагонија кадешто сеуште мало копнување ве води до историја. Но, дали откриените материјални докази ќе ги потврдат историските ќе покажат натамошните истражувања. Во моментов  јавноста може да ја погледне една од најголемите изложби со најголем број артефакти кои говорат за организираниот живот на просторот. Се работи за наоди кои го оправдуваат името Градиште – суперлатив од град.