ТЕРА

REKLAMA???

ИЗРАЕЛ НАПАДНА ЦЕЛИ ВО ПОЈАСОТ ГАЗА

Израелската армија вечерва соопшти дека извршила воздушни напади врз две високи згради во Појасот Газа што ги користел милитантниот Хамас, кој е на власт во палестинската територија.

„Терористичката организација Хамас намерно ја става својата воена опрема во срцето на цивилното население во Појасот Газа“, соопшти армијата.

Како што се наведува, станарите биле однапред предупредени и побарано било да се евакуираат пред ударот.

Хамас се закани дека ќе истрела ракети кон Тел Авив како одмазда.

Најмалку 200 Израелци се убиени откако милитантите на Хамас извршија ненадеен напад врз земјата утрово, соопшти израелската служба за итни случаи за спасување, Зака.

Исто така се соопштува дека над 1000 лица се повредени и примени во болниците на лекување.

Последните информации од Газа велат дека најмалку 232 луѓе загинале во израелските воздушни напади, кои уследија како одмазда за воената операција на Хамас.

Палестинските милитанти утрово испукаа над 2.000 проектили од Газа и потоа упаднаа на израелската територија.