Деновиве претседателката на Советот на Општина Битола, Габриела Илиевска преку Фејзбук објава вели дека и по 16 месеци од доаѓањето на новата локална власта во Битола, работите не оделе, односно не се промениле.
„Скоро 16 месеци и како Поинаку и јас како Претседател на Совет се држиме до она што го кажав на конститутивната седница, реченицата – помалку зборување повеќе работа! Битола пред 16 месеци доби нов градоначалник, Битола доби нов Совет во кој за прв пат ниедна партија нема апсолутно мнозинство. Во Битола почна една нова “битка”, а секој ден има нови предизвици. Во изминатите 16 месеци Битола не “процвета”, не е се “средено”, ама ќе нагласам дека поминаа навистина поинакви 16 месеци за градот“ вели Илиевска.
И додава дека и после 16 месеци останале на тоа дека бараат само да се работи.
„Најприоритетните работи, кучињата, паркот, копанки , камионите, ѓубрето, шахтите …. со маки и со секојдневни “уцени” ДЕЛ од нив се започнати. Не баравме ништо освен да биди поинаку и да се работи, не е срамота да признајме дека многу тешко оди, да не речам одвај или не оди. И по 16 месеци уште изиграваме “полицајци” за да се завршат секојдневни работи, пишиме, се јавуваме, Ве бараме за да сработите нешто“ вели таа.
Таа во својот пост и со порака до градоначалникот.
„Градоначалник, доста е со “добрина”, се нафативме да работиме, ама редот мора прво Вие да го спроведите“ вели мешу другото Илиевска.
Својот фејзбук пост го завршува со тоа дека Битола е сѐ шо имаме и мора биди ПОИНАКУ, a ПОИНАКУ почнува да работи од улица!












