По реакцијата на битолската ВМРО ДПМНЕ дека Николовски и Илиевски даваат различни оценки за општинската каса, односно дека има разногласие, со партиска реакција се огласи битолската СДСМ од каде велат дека СДСМ се консолидира и тоа не треба да биде причина за вознемиреност кај политичките опоненти.

„Напротив, сериозна опозиција во моментов е повеќе од потребна во Битола. Оркестрираните напади кон нашата општинска организација дополнително ги збивааат нашите редови, Спиновите на ВМРО-ДПМНЕ се одамна прочитани“, стои меѓу другото во реакцијата.
А дека, како што вели новиот координатор на СДСМ, Петар Никоовски никогаш не биле поединствени и поодлучни да се стави крај на пустошот на ВМРО-ДПМНЕ во Битола, Николовски со заедничка фотографија со поранешниот координатор Методија Илиевски, а сега советник и потпретседател, вели „Не грижете се за нас“.

„Битолчани многу добро знаат дека во последните три години ништо суштински не е реализирано“, вели меѓу другото Николовски чија реакција се однесува на реакцијата на ВМРО ДПМНЕ по неговиот прес за касата на општната.
Но, неговиот сопартиец Илиевски во статус на својот профил прстот го впери, во како што вели дел од медиумите, за разлика од неговиот колега кој реагираше на реакцијата на ВМРО ДПМНЕ.
„Категорично ги демантирам пишувањата кои се појавија во дел од медиуми за наводно разногласие помеѓу мене и колегата советник Петар Николовски“, напиша меѓу другото Илиевски, кој директно се обрати до медиумите, а не до ВМРО ДПМНЕ.












