Потпретседателот на СДСМ, Методија Илиевски викендов заедно со претседателот на СДСМ, Венко Филипче беа во Прилеп.

Илиевски во својата објава на фејзбук профилот напиша дека Општинската организација е подготвена за следните локални избори.

„Претседателот упати апел до членовите на нашата партија дека мора да го зачуваме другарството, моралот, еднаквоста и достоинството кои се основа на социјалдемократијата.
Мора да се избориме за европска иднина, и да ги зачуваме сегашните и идните поколенија во нашата земја.
Заедно, со чисти намери влегуваме во локалните избори“ вели Илиевски.













