ТЕРА

REKLAMA???

ИЛЈАДНИЦИ ХЕКТАРИ ИЗГОРЕА ВО ПОЖАР ВО ШПАНИЈА

Во пожарот во Арагон, на северот на Шпанија, изгореа илјадници хектари, соопштија локалните власти.

Најмалку 1.500 луѓе се евакуирани од руралното подрачје каде што се наоѓа паркот на природата, во провинцијата Сарагоса. Околу 300 пожарникари го гаснат пожарот со помош на хеликоптер.

Од почетокот на годината, речиси 261.930 хектари изгореле во 388 пожари во Шпанија, покажуваат податоците на Европскиот информативен систем за шумски пожари. Тоа е најголемата опожарена површина во земја од Европската унија оваа година и најголема во Шпанија од 2000 година, кога почнале мерењата.

На пожарите им помагаат екстремно високите летни температури во Шпанија, која беше зафатена од три топлотни бранови за неполни два месеци.