ТЕРА

REKLAMA???

„ИНТЕРАКТИВ“ БИТОЛА НА МЛАДИНСКА РАЗМЕНА ВО БУДИМПЕШТА

Членови и волонтери на Здружението за меѓународна младинска соработка „Интерактив“ од Битола учествуваа на меѓународна младинска размена во Будимпешта, Унгарија, во рамките на проектот „Stop think act” кој  се одржуваше од 14 – 21 април 2022 година. Во истиот учество зедоа 7 млади учесници од Здружението .

„Овој проект имаше за цел да ја објасни важноста на безбедноста во сообраќајот во распределбата на здравјето на заедницата, да се објаснат факторите кои предизвикуваат сообраќајни несреќи со причинско-последична врска, да се развијат мерки и акциски планови со цел да се помогне во спречувањето на безбедносните пропусти и несреќи во сообраќајот, да се направат овие планови одржливи по проектот како и да се подигне свеста за важноста и примената на прва помош по сообраќајни незгоди“, истакна претседателот на здружението Мартин Николовски.

Претходно исто така во Будимпешта, ова здружение беше дел од проектот „The world behind the eyes”,  на кој учествуваа 6 учесници.

Преку овој проект, учесниците беа едуцирани како да воспостават правилна комуникација преку подигање на свеста и преку помагање за попристапен живот на лицата со оштетен вид. Проектот имаше за цел да ги разбие предрасудите кон оваа категорија на наши сограѓани, да ја подигне свеста за правилните методи на комуникација и однесување, да ја поттикне волонтерската работа и да се разберат животните тешкотии на лицата со оштетен вид. Дополнително, овој проект има за цел да го дисеминира Еразмус+ и да ја зголеми интеркултурната интеракција. Претходно беа дел од проектот „Art Therapy” што се одржа во Прага, Чешка.

Здружението за меѓународна младинска соработка Интерактив од Битола е непрофитна, граѓанска младинска организација која има за цел да обезбеди можности за локалната младина, но и соработка со младите на меѓународно ниво.

Здружението е основано во јули, 2017 година во Битола, Република Македонија. Целта на здружението е да развива активности и можности за младите во сферата на неформалното образование, промовирање на здрави животни навики, културата и уметноста како и граѓанско општество кои ги поттикнуваат позитивните вредности кај младите луѓе. Активноста на организацијата се фокусира на многу аспекти кои се од интерес за младите: од обезбедување на услуги и информации, до истражување и поддршка за креирање политики и мрежно поврзување. Интерактив работи на создавање на различни одговорни и кооперативни заедници каде што граѓаните активно придонесуваат за социјалниот развој и интеграција. Мисијата на организацијата е да обезбедат одржлив развој на заедницата преку создавање на можности за квалитетно ангажирање на граѓанското општество, унапредување на можностите за учење и активно вклучување на младите луѓе и другите граѓани.