ТЕРА

REKLAMA???

ИНТЕРНАЦИОНАЛНИ МУЗИЧАРИ ЗА 5-ОТ ЏЕЗ ФАКТОРИ ФЕСТИВАЛ

Со настапот на Fischermanns Orchestra од Швајцарија започна годинешното јубилејно издание на Џез фактори фестивалот. Членовите на оркестарот самите се опишуваат како бенд на експлозивен уличен џез. Тие постојат од 2007 година и од тогаш настапуваат по европските сцени. Музиката на ансамблот ја оформуваат нејзините музичари, со современи импровизации кои го доближуваат звукот на Јужна Америка и Африка. После концертите во Италија, ја освоија и битолската публика која беше присутна во битолскиот театар.

Нивните настапи се аудио визуелни. Во нивниот оркестар има 11 музичари и изведуваат композиции од различни композитори кои имаат и различен стил на компонирање. Предизвикот кај нив е како да ги спојат различните музички жанрови и музички идентитети на членовите, и на крај имаат успешен резултат на една убава музичка симбиоза на сцена.

За ова 5.издание во рамките на долгорочната идеја за фестивалот, организаторите сакаа истиот да го надмине регионалниот карактер и да имаат гости надвор од Балканот што и го реализираа. 9 изведувачки акти во главната и споредна програма беа дел од годинешниот фестивал кој се одржуваше до 9 ти јули.