ТЕРА

REKLAMA???

ИНТЕРНАЦИОНАЛНИ НАГРАДИ ПО СОЛФЕЖ ЗА БИТОЛЧАНИ

На 7-ми и 8- ми април , во Марибор, Словенија се одржа интернационалниот музички и мастер час натпревар по солфеж, во организација на Антон Мартин Сломшек- музичко балетското училиште.

Јана Блажевска

На овој престижен натпревар учествуваа ученици од битолското музичко училиште кои беа наградени и тоа: Димоска Јована (прва награда со освоени 98,67 поени), Блажевска Јана (прва награда со 98,33 поени), Наумовски Филип (втора награда со 88,67 поени), Здравевска Јована (трета награда со 76,33 поени), сите под менторство на професорката Гордана Трајковска.

Јована Димоска

Жирито оваа година беше во состав: Тадеј Кушар од Словенија, Лидија Џидара од Хрватска и Славица Смилјаниќ Марковиќ од Србија.

Филип Наумовски

„Оваа година повторно имавме можност да го претставиме нашето училиште во најдобро светло на Меѓународниот натпревар по солфеж во Марибор, Словенија. На натпреварот имаше мелодиска, ритмичка,парлато и интервалска вежба од повисок степен. Тие се далеку понапред од нас. Ние треба многу да работиме,за да можеме да се пријавиме на тој натпревар, но кога постои мотивација, упорност и желба за работа, јас сум секогаш тука за учениците. Мене посебно,ми значат овие награди и успеси,ми претставуваат голема радост“, ни изјави проф.Трајковска и додаде: „Добро е што имаме подршка и од родителите, без нив, немаше да го реализираме овој натпревар“.

Јована Здравевска

После овој натпревар учениците кои изучуваат солфеж и хармонија кај проф.Гордана Трајковска и кај проф. Миле Трајковски, продолжија со освојување на награди, овојпат на Државниот натпрвеар во Скопје: од први клас наградени беа: Давид Стојчевски, Димитриј Стојчевски, Ана Матеска, Анастасија Петреска. Од втори клас: Јана Блажевска, Филип Наумовски, Јована Димоска, Андреа Николовска. Од четврти клас: Милена Наумовска, Љубица Здравковска, Наталија Николовска.

По предметот хармонија наградени беа учениците од втори клас и тоа: Аница Нелоска, Никола Милевски, Јована Димовска, Арсениј Ангелески, Ева Домазетовска, Јана Блажевска.

Неда Маретиќ