ТЕРА

REKLAMA???

ИСТОРИЈАТА НА КУПАТИЛАТА

Toa што го поврзуваме со нашите бањи денес – удобност, приватност и хигиенски услови – е резултат на илјадници години градежништво и промени во општеството.  Iсторијата бележи дека првите капатила биле јавни и биле поврзани со религиското разбирање на водата – како прочистувач.

Постојат многу функции како што се водовод, топла вода, испирање на тоалети и вентилација кои се земаат здраво за готово во нашите бањи.  И покрај тоа што луѓето отсекогаш имале потреба да користат тоалети и го користеле капењето како начин да се исчистат, на нашата култура ѝ требаа векови да ги спои тие заедно во една погодна просторија.

Една од најраните познати бањи потекнува од цивилизацијата на долината Инд – технолошки напредна древна цивилизација која била распространета низ она што сега е денешен Пакистан.

Римскиот однос кон бањите и капењето е добро документиран, тие изградиле големи наменски термални бањи, кои биле јавен извор на релаксација и подмладување, место каде што луѓето можеа да се состанат за да разговараат за работите од денот и да уживаат во забавата.

Не било невообичаено луѓето да се чистат пред да влезат во свето подрачје. Бањите се евидентирани како дел и од селскиот и од градскиот живот. Вообичаено беше комуналните бањи да се градат во посебна област од станбените простории на селото – со тоа луѓето веруваа дека ги спречуваат злите духови да влезат во домашните квартови.

Првата преживеана када датира од 1700 година п.н.е. и потекнува од палатата Кносос на Крит. Најинтересно кај оваа када не е само сличноста со денешните бањи, туку и начинот на кој работи водоводот околу неа.

Во овој период се прави разлика помеѓу приватни и јавни бањи, многу богати семејства имале своја термална бања и бања во својот дом.

Во средниот век, многу градови всушност имале бањи – ова е местото каде што луѓето можеле да платат за да се бањаат. Ова е време кога ја измислија дрвената када во спалната соба. На сцена стигнал и сапунот од Англија како манифакторно производство, поубаво од било кој рачен сапун направен по дома.

Во текот на 16, 17 и 18 век, употребата на јавни бањи постепено опаѓа, а приватните бањи беа фаворизирани – ова ги постави темелите за модерната бања, каква што требаше да стане во 20 век. Во тоа време луѓето правеле купка со тешки парфеми.  Во 14 век, Едвард III инсталирал бања во Вестминстерската палата.

Во 1546 година, кралот Хенри VIII засекогаш ги затворил јавните бањи во Англија, обвинувајќи ги за проширувањето на чумата од која Англија имала 7 епидемии во 200 години.

Тоалетот со вода бил измислен во 1596 година, но не бил широко распространет се до 1851 година. Во 1767 година Англичанецот Вилијам Фитам го измислил првиот модерен туш.

Во 19 век куќата станала организирана околу она што се сметало за корисност на собите, а во време кога стравувањата за бактериите и хигиената биле многубројни, капатилото станало нагласен во многу домаќинства, иако одвоени од тоалетот. И така било се до 1960-те години на минатиот век.

Денешните капатила се комбинација на стилски изглед со функционалност, а како што вообичаено бива станаа простории за луксуз и удобност кои вклучуваат и многу технологија.