Големи делови од источна Украина останаа без струја по силните нападите на Москва врз украинската енергетска инфраструктура, пишува Радио Слободна Европа.
Проблеми со електрична енергија и вода беа пријавени во областите Харкив, Суми, Полтава, Запорожје и Днепропетровск, што веројатно влијаеше врз милиони луѓе.
Украинскиот претседател Володимир Зеленски изјави дека руските напади се насочени кон цивилната инфраструктура „за да ги лиши луѓето од светлина и топлина“.
Затемнувањето доаѓа во време на контраофанзива на украинските сили во регионот Харкиов, каде што повторно зазедоа десетици градови и села.
Градоначалникот на Харкив, Ихор Терехов, тврди дека Русија ја нападнала термоцентралата во градот, втора по големина во земјата. Гувернерот на Харкив, Олег Синегубов, изјави дека во неколку населени места нема снабдување со струја и вода.













