Општина Ресен ги повика граѓаните кои имаат материјални штети на земјоделските насади од врнежите од град, да ги пријават во просториите на општина Ресен.
Пријавувањето е од денеска, заклучно со 15.06.2022 година.
Во неделата и Преспа беше зафатена од невремето со град. Градоначалникот на општината по увидот во неделата соопшти дека има големи штети на голем дел од овошните насади.
















