ТЕРА

REKLAMA???

И ДАНСКА СЕ ПРИКЛУЧИ НА ЕВРОПСКАТА ОДБРАНА

Граѓаните на Данска на референдум се изјаснија за учество на нивната земја во безбедносната и одбранбената политика на ЕУ, пишува Дојче Веле.

На референдум околу 67 проценти од данските гласачи се изјаснија за укинување на т.н. одбранбена воздржаност на Данците од ЕУ, соопштено е официјално во Копенхаген.

Меѓу првите стигна честитката од претседателката на Европската комисија, Урсула фон дер Лајен: „Убедена сум дека и Данска и ЕУ ќе профитираат од оваа одлука“, напиша таа на Твитер.

Претседателот на Советот на ЕУ Шарл Мишел напиша: „Луѓето во Данска донесоа историска одлука“.

Данска, која е една од државите основачи на НАТО, членка е на ЕУ од 1973 година. Но, во 1992 година речиси 51 процент од Данците го отфрлија Договорот од Маастрихт, кој покрај европска економска и монетарна унија, предвидува и заедничка надворешна и безбедносна политика.