ТЕРА

REKLAMA???

И ДЕНЕСКА МНОГУ ТОПЛО, ВО БИТОЛА ДО 34 СТЕПЕНИ

Утрово 11 степени  во Берово, 14 Битола, 15 Крива Паланка, 16 Тетово, 17 Скопје-Петровец, Куманово, Охрид, Претор, 18 Прилеп, Демир Капија, 19 Штип, Крушево.

Во текот на ноќта и утрово ведро со мала до умерена локална облачност. Дуваше слаб до умерен ветер претежно од  северен правец.

Времето денеска сончево и многу топло со мала до умерена локална облачност. Попладне и во вечерните часови претежно во планинските подрачја ќе има појава на краткотраен пороен дожд и грмежи. Ќе дува слаб до умерен ветер од североисточен правец, поизразен во североисточните делови.

Максималната температура ќе биде во интервал од 30 до 38 степени. Во Битола до 34 степени.