ТЕРА

REKLAMA???

И ДЕНЕСКА СО ДОЖД, ВО БИТОЛА ДО 14 СТЕПЕНИ

Најмногу дожд 26 л/м2 наврнаа во Куманово, 23 Берово, 17 Скопје-Петровец, Виница, 12 Прилеп, 9 Крива Паланка, Штип, 6 Пожаране, 5 Крушево, Ѓуриште, 4 Велес, 3 Битола, Гевгелија, Попова Шапка, Пожар-Радовиш, 2 Тетово, Претор, Демир Капија, Струмица, 1 Охрид, Тополчани.

Времето денеска променливо облачно и нестабилно со повремени врнежи од дожд, особено попладне. Локално ќе има услови за појава на краткотрајно невреме со пообилен пороен дожд (за кратко време над 15 л/м2), појава на грмежи и засилен ветер.

Дневната температура ќе биде во интервал од 12 до 18 степени. Во Битола до 14 степени.