Пред советниците на седницата на Советот на општина Битола се најдоа и решенијата за давање согласност за формирање на паралелки со помал број на ученици во основните и средните училишта на подрачјето на Општина Битола за учебната 2022/2023 година.
Овие две точки со четири гласа за поминаа на комисија. На седницата на Советот беше отворен претрес по оваа точка, но никој не побара збор, па се премина на гласање и точката беше усвоена едногласно.
На е прв пат Советот на општина Битола да носи вакви одлуки, заради фактот како што и во минатите години беше кажано дека причина за ова е намалениот број на ученици.












