ТЕРА

REKLAMA???

И СИНОЌА ПРОТЕСТ ПРОТИВ ФРАНЦУСКИОТ ПРЕДЛОГ

Илјадници граѓани синоќа маршираа од пред Владата, преку Министерството за правда до Собранието, протестирајќи против францускиот предлог за почнување на преговори на Македонија со Европската унија.

Ова беше нов протест по два дена пауза, откако во петокот граѓани кои не се согласуваа со францускиот предлог го блокираа булеварот пред Владата, но и магистралните патишта Штип – Велес, Струмица – Радовиш и Плетвар – Прилеп.

Вчерашниот собир траеше околу два часа, а пред Собранието беа одржани говори, на кои беа упатени повици во следниве денови на протестите да излезат што повеќе граѓани.

Владеачката СДСМ вели дека антиевропската коалиција на ВМРО ДПМНЕ и Левица лаже и пласира невистини за наводна бугаризација и асимилација, бидејќи немаат вистинска аргументација против членството во ЕУ.

„Не може да има асимилација и бугаризација со македонски јазик во ЕУ. Во ЕУ како Македонци со чист македонски јазик не е асимилација, тоа му јасно на секого“ велат од СДСМ.