ТЕРА

REKLAMA???

КАДЕ СЕ Е ПОЧУВСТВУВАН СИЛНИОТ ЗЕМЈОТРЕС ОД БиХ

Како што објави Сеизмолошката опсерваторија при Природно-математичкиот факултет во Скопје, земјотресот кој се случи во 23 часот и 07 минути со Рихтерова локална магнитуда 5.7 степени, беше почувствуван од граѓаните во Скопје, Гостивар, Тетово и околината со интензитет од III степени според Европската макросеизмичка скала.

На Европскиот медитерански сеизмолошки центар објавена е мапа со интензитетот на земјотрес, односно каде и со каков интензитет е почувствува.

Босанските медиуми јавуваат дека три лица се повредени во Столац и дека градот е без електрична енергија.

Во болницата во Мостар починала 28 годишна девојка која била повредена во вечерашниот земјотрес, а била донесена во тешка состојба од Столац. Според медиумите таа и нејзините родители биле повредени кога врз нивната куќа во населбата Кукавац се урнала карпа.