ТЕРА

REKLAMA???

КАНДИДАТОТ ЗА ГРАДОНАЧАЛНИК НИКОЛОВСКИ СО ИЗБОРНА КАНЦЕЛАРИЈА НА ШИРОК СОКАК

На првиот ден од почетокот на предизборната кампања за локалните избори, независниот кандидат за градоначалник на Битола, Зоран Николовски ја отвори изборната канцеларија на битолски Широк Сокак, на почетокот на корзото.

Николовски има мото дека е време за архитект. Тој е независен кандидат но, јавно ја доби поддршката од политичката партија „Левица“.

На синоќешното отворање на канцеларијата присутна беше и пратеничката од „Левица“ Јована Мојсоска која е во трка за градоначалничка на Струга. Тука беа и дватјцата советници од „Левица“ во битолскиот совет Горан Велевски и Гаврил Трајковски.

Николовски пред присустните кажа дека очекува оти е време да се заокружи неговиот број на гласачкото ливче 114 и дека е време за архитект на најградскиот град во Македонија.

Во неговата програма тој зборува за Битола град за сите, град на туристи, на здрава храна во секое училиште за секое дете бесплатно, во здраво тело здрав дух, Битола со земјоделие и сточарство, Битола еко град, град за младите и меден град, град на цвеќето, град со видео надзор, зелен град, а во програмата има и дел за највозрасните.

Во делот на Битола градежна зона, Николовски вели дека целата градежна механизација и инженериски кадар со кој располага Општина Битола ( вработување на нови) ќе бидат во постојана акција, во движење, во постојана градба, односно дека ќе се гради дење и ноќе.

Николовски со порака да се изгради тоа што со години чекавме да биде изградено, капитални објекти, улици, урбана опрема, паркови и многу други работи што ќе не направат среќни. И завршува со тоа дека ќе се гради брзо, ефикасно и пред се квалитетно.

Во обраќањето до присустните рече се што сум презел како обврска на неговото работно место се  завршил, кажа тој.