ТЕРА

REKLAMA???

КАРАВАНОТ „СИЛНО СВЕТНАЛ ДЕН„ СИНОЌА ВО БИТОЛА

Музичкиот караван по повод 35 годишнината од независноста на Македонија синоќа беше во Битола. Прозвучија цитати од македонските врвни поети, писатели, есеисти, а истовремено и македонските евергрини, шлагер и песни од музичката сцена на оваа генерација.

Платото пред Офицерскиот дом во Битола беше претесно да ги прими сите битолчани и гости кои дојдоа да бидат дел од синоќешниот културен спектакл. Публиката во целост го исполни просторот, а многумина следеа и од пошироката околина, исполнувајќи го секое можно место околу еден од најпрепознатливите симболи на градот.

За да му се овозможи на секој посетител беспрекорен поглед кон сцената, беа поставени два големи екрани, со што атмосферскиот настан за кој се бараше место повеќе стана достапен за сите присутни. Влезот за сите посетители беше слободен.

Спектаклот, кој е под режисерска палка на Дејан Пројковски, е замислен како вистинско уметничко патување низ македонската културна и колективна меморија, вешто раскажано преку фузија од музика, театар, поезија и современ сценски израз.

Во самиот центар на оваа сценска приказна се најде Игор Џамбазов. Во улога на главен лик, домаќин и раскажувач, тој ги водеше присутните низ различни историски епохи и генерациски слоеви. Сценариото започна со едно навидум едноставно, но длабоко прашање: „Како се пишува песна за Македонија?“

Од тоа прашање се разви приказна што направи мост меѓу македонските giants Блаже Конески, Кочо Рацин, Крсте Петков Мисирков и Гоце Делчев, поврзувајќи ги македонската книжевност и легендарните музички рефрени со хип-хоп ритамот, современата сцена и младите генерации на кои им останува иднината.