ТЕРА

REKLAMA???

КАРОЛИНА ГОЧЕВА ВООДУШЕВИ СО НАСТАПОТ НА MAC ВО БЕЛГРАД

Каролина Гочева настапи на МАС„Music Awards Ceremony“ во „Шарк Арената“ во Белград. Водители на настанот беа хрватскиот музичар Тончи Хуљиќ и српската актерка Јелена Гавриловиќ. Пред настапот Каролина се најде во улогата на презентер и, заедно со хрватскиот пејач Петар Грашо, ѝ ја додели наградата „Најдобра рап/хип-хоп песна на годината“ на српската раперка Сајси Ем-си, за песната „Ринге јаја“.

Во ревијалниот дел од настанот, Гочева ја изведе српската верзија на нејзиниот последен сингл „Од небо до дно“, со која успешно ѝ се врати на поп-музиката по десетгодишна пауза. Имено, таа го објави последниот поп-албум „Капка под небото“ во 2010 година. Во меѓувреме, таа ги издаде албумите „Македонско девојче 2“ и „Извор“, на кои се најдоа песни со етно примеси.

Како и секогаш, нашата Каролина уште еднаш докажа дека има совршен моден стил. За нејзините модни комбинации се погрижија Јована Филиповиќ и Јована Зука.

На манифестацијата беа доделени повеќе од 25 награди, а со признанието GOLDEN MAC наградена е Констракта.

MAC 2023 беше одбележан со повеќе од 30 изведби.