ТЕРА

REKLAMA???

КАРОЛИНА ГОЧЕВА ЈА РАСПЕА БИТОЛА

Со концертот на Каролина Гочева беше отворено битолското културно лето Бит Фест. Над 2000 гости, го исполнија амфитеатарот на античкиот локалитет Хераклеја.

Гочева истакна дека е среќна што после неколку години повторно настапува на едно од најубавите и најпосакуваните места за секој уметник, амфитеатарот во Хераклеа. Претходно таа тука имаше концерт во 2018 година. Таа е еден од најдобрите женски вокали во Македонија, успеа да внесе прекрасна двочасовна атмосфера низ нејзините големи хитови, меѓу кои „Да е сон“, „Од нас зависи“, „Кажи ми“, „За нас“, „Знаеш колку вредам“ и многу други, а на барање на публиката, со повторно враќање на бис, Каролина Гочева, концертот го заврши со песната „Кој да ми запее“.

Минатата година Каролина го работеше проектот со Дуке Бојаџиев и Исмаил Лумановски, кога беше и објавена песната Идила.