ТЕРА

REKLAMA???

КЕМАЛ АТАТУРК ОБЕДИНИТЕЛЕН И ЗА МАКЕДОНЦИТЕ СО ТУРЦИТЕ

Во Битола повторно се чествуваше животот и делото на Кемал Ататурк – творец на модерна Турција, промотор на пан-туркизмот, митот за единството на сите турски народи,  но и светски лидер кој секуларизмот го постави на основите на модерните држави од 20тиот век.  Во градот и денеска на одбележуавњето на 126 годишнината откога Ата Турк се образувал во битолската средна воена гимназија присуствуваше висока воена делегазија на Турција, амбасадорот на Турција во Македонија, новоназначениот бригадирен генерал мна македонската армија,  градоначалникот Тони Коњановски, директорот на Завод и Музеј, бројни претставници на турската заедница во Македонија.

На пригодната свеченост се обратија претставници на вооружението сили на Турција. Амбасадорот Фатих Улусој се осврна на добрите билатерални односи покажани и докажани во многу прилики.

„Битола има посебно место во заедничката историја на нашите народи и на нашите пријателски и братски држави кои со векови живееле заедно. Битола претставува важна димензија на политичкиот, социјалниот, економскиот и културниот живот на Северна Македонија. Мустафа Кемал, за време на школувањето од март 1896 во време траење од 3 години тука ја формира основата на својот интелектуален живот, а неговите години овде имаа значајни ефекти врз неговите идеи и неговата личност на патот кон неговото станување голем лидер. Во тој поглед, воената идадија во битола има посебно место во нашата историја. Турција има за цел да напредува преку надградба на достигнувањата направени под водство на ататурк од 1923 година. Таа ги почитува принципите на ататурк во односите со меѓународните односи. Зборовите на ататурк „мир во татковината, мир во светот “ продолжуваат да бидат на водич. Градот Битола, каде што Ататурк се школувал, ја вдишувал атмосферата и има големо влијание врз обликувањето на неговиот светоглед, има големо значење во нашата заедничка историја. Ние веруваме дека нашата длабоко вкоренета историја и заедничка култура се извор на богатство за нашите народи.

Изразуваме големо задоволство од нашата соработка на секое поле, кое црпи сила од нашите човечки врски. Годишнините од дипломирањето од воената идадија претставуваат можност да се потсетиме на Ататурк заедно со нашите пријатели во Македонија.“ – рече амбасадорот на Турција во Македонија.

На присутните од македонска страна им се обрати бригадниот генерал Мирче Ѓорговски.

За Македонија, Кемал Ататурк не е значаен само поради посетата на военото училиште во Битола, како што обично се нагласува, или поради неговите предци кои некаде во 15 век дошле во Коџаџик, во Жупа, од каде подоцна се преселиле во Солун. Денешната призма ја нагласува политичката поддршка во НАТО, економската соработка, научната соработка, соработката на културна основа.

Директорот на НУ Завод и Музеј Зоран Николовски информираше за плановите на институцијата да се проширува делот од музејот посветен на Ататурк со отворање на училницата , дел од воената гимназија.

Во тек на одбележувањето целата делегација, сите посетители положија свежо цвеќе на спомен бистата на великиот водач .

Мустафа Кемал Ататурк е роден 1881 година. Градителите на неговиот култ во Турција и кај нас милуваат да споменат дека презимето Кемал во превод значелко „совршеност“. Така и се пренесуваат приказните за неговиот живот, почнувајќи од рана возраст кога започнал да посетува верско училиште, па преку советите од мајка му да се запише во приватно секуларно училиште, од каде тој се запишал во воено училиште. Во 1896 година се запишал во средното воен училиште во Битола, коешто било дел од денешните простории на Завод и Музеј во Битола.

 

повеќе и изјавите на говорниците , на врската што ве води до YouTube