ТЕРА

REKLAMA???

КИЕВ ВЕЛИ ДЕКА ПРОЕКТИЛИ БИЛЕ ЛАНСИРАНИ ОД БЕЛОРУСИЈА ВО УКРАИНА

Украинскиот главен штаб на вооружените сили рано утринава, повикувајќи се на белоруски извори, објави дека повеќе од 20 проектили биле лансирани од Белорусија во Украина.

„Денеска во период од еден час, според информации од белоруски извори, од Белорусија биле лансирани повеќе од 20 проектили. Засега знаеме дека девет проектили ја погодиле областа Гончаривска во регионот Чернихив“, соопшти украинската војска.

Засега нема извештаи за жртви, соопшти војската, пишува МКД.мк.