ТЕРА

REKLAMA???

КИЕВ НЕГИРА ДЕКА ИЗВРШИЛ НАПАД ВРЗ ЗАТВОР ВО ДОЊЕЦК

Украина ги отфрли руските обвинувања дека извршила напад врз затвор во источниот регион Доњецк во кој загинаа најмалку 40 украински воени затвореници заробени за време на борбите за пристанишниот град Мариупол, а наместо тоа ја обвини Русија за нападот.

Извештаи на руското Министерство за одбрана наведуваат дека во украинско гранатирање биле убиени најмалку 40 украински воени затвореници заробени за време на борбите за пристанишниот град Мариупол.

Министерството соопшти дека Украина денеска нападнала затвор на територијата под контрола на сепаратистите со ракети ХИМАРС од американско производство, при што загинале 40 украински воени заробеници, а 75 други биле ранети.