ТЕРА

REKLAMA???

КИНА ПОЧНА ВОЕНИ ВЕЖБИ ОКОЛУ ТАЈВАН

Додека претседателката на Претставничкиот дом на американскиот Конгрес, Ненси Пелоси, е во посета на Тајван, Кина која остро се спротивставување на ова патување, почна да изведува воени вежби во близина на тајванскиот брег.

Кинеската телевизија ЦЦТВ, повикувајќи се на воен извор, објави дека војската започнала воени операции во близина на брегот. Вежбите, како што наведе, се започнати на 2 август во вечерните часови по локално време. Тие ќе се изведуваат од речиси сите страни и во море и во воздушниот простор.

Вежбите претходно веќе беа најавени и од кинеското Министерство за одбрана.

Претходно, кинеското министерство за надворешни работи, предупреди дека војската нема да „седи со скрстени раце“, туку ќе преземе „силни контрамерки за да го поддржи суверенитетот и територијалниот интегритет на Кина“.