Вицешампионот Пелистер и во наредната сезона ќе се натпреварува во АБА2-лигата, одлучи раководството на битолскиот прволигаш.
„Зелено-белите“ минатата сезона дебитираа во регионалното натпреварување и не успеаја да обезбедат учество на завршниот турнир, но се надеваат на поголем успех во наредната сезона, во која АБА2 повторно ќе се игра на турнирски систем.
Клубот од Битола се стабилизира, организационо порасна и две сезони се бореше за домашните трофеи. Искуството од првата сезона во АБА2 лига ќе им послужи на битолчани да бидат уште посилни. Во следните неколку дена се очекуваат и првите чекори околу формирањето на тимот за следната сезона. Голем дел од кошаркарите имаат договори со клубот, а од минатата сезона си замина Кесар, кој потпиша во Романија.












