ТЕРА

REKLAMA???

КНИЖЕВНО ДРУЖЕЊЕ СО ЈАСМИНА ЈОШЕВСКА ВО ПРИЛЕП И КРУШЕВО

Писателката Јасмина Јошевска имаше Книжевно дружење со промоција на нејзините 7 книги во Прилеп. На настанот беа промовирани: „Долина на солзите“, „Од чешмата на времето“, „Клавирот на животот“, „На врв и на дно“, „Остани“, „Димензионално послание“, „Од до“.

Промотор на книгите беше Стојне Ангелеска. Околу инспирацијата за книгите Јасмина ни изјави дела секојдневието е нејзината најголема инспирација. Таа имаше и литературна средба со учениците од гимназијата „Наум Наумовски Борче“ во Крушево  .

„Посебна благодарност сакам да истакнам до организаторот професорот Никола Јованоски и професорката Радмила Папакоча“, додава Јошевска.

После средбата таа потпишуваше примероци од своите дела. Претходно во Домот на Армијата во Скопје Јошевска одржа хуманитарен настан со промоција на нејзините книги, настан од кој средствата од продадените книги беше наменет за помош на семејство во Крушево. Јасмина Јошевска е поетеса родена во Прилеп. До својата 19 година живеела во Крушево, наредните години живее и твори во Битола. За себе вели дека започнала да пишува од свои 13 години.

Нејзиниот опус се состои од поезија за возрасни и исто така еден краток роман. Има и готова книга за деца која ќе биде промовирана оваа пролет.

Фотографии од промоцијата во Прилеп: Сашо Ставрев.