ТЕРА

REKLAMA???

КОВАЧЕВСКИ: ВО ПРЕДЛОГОТ СЕ ПРИФАЌА МАКЕДОНСКИОТ ЈАЗИК И ПРОТОКОЛОТ ДА НЕ Е ВО ПРЕГОВАРАЧКАТА РАМКА

Предлогот од француското претседателство за решавање на спорот помеѓу С. Македонија и Бугарија, со цел да се тргне бугарското вето денеска беше објавен на владината веб-страница.

Премиерот Димитар Ковачевски на денешната прес-конференција, по средбата со партиските лидери од владината коалиција изјави дека предлогот ги инкорпорира забелешките и јасно изразените ставови на државата. Истовремено, тој посочи дека како Влада доследно се држеле до државните позиции во однос на преговорите.

-Предлогот го гледаме како солидна основа за градење сериозен, одговорен и државнички став за можноста која се отвора за нашата земја. Сите лажни тврдења во различни форми сметам дека потонаа. Како Влада доследно се држевме до државните позиции во однос на преговорите со Бугарија во секој поглед, го штитевме националниот интерес и македонскиот национален идентитет. Ветивме дека ќе се избориме да ги задржиме клучните црвени линии кои со месеци ги повторуваме и за кои Собранието усвои консензуална Резолуција. Тоа мислам дека е повеќе од јасно сега дека е така. Во европскиот предлог имаме дефинирани позиции за јасно и недвосмислено прифаќање на Македонски јазик, како и протоколот да не биде во преговарачката рамка. Многу важно за нашата позиција понатамошно и отпочнување на безусловно на преговарачкиот процес и одржување на меѓу владина конференција со Европската Унија исто така е инкорпориран во предлогот кој што е доставен кај нас.Би сакал да повторам дека имаме план и стратегија која дава резултат, истакна Ковачевски.

Се она што е во преговарачката рамка, е во најголем дел нешто што е вообичаено во процесот на преговори истакна Бојан Маричиќ, вицепремиер за европски прашања.

Во моментот кога ние ќе се согласиме со преговарачката рамка и сите останати држави членки на ЕУ, рече Маричиќ, ќе биде свикана првата Меѓувладина конференција на која ќе се разговара понатаму за наредните чекори и за официјалното усвојување на преговарачката рамка бидејќи тоа е многу важен документ што ги утврдува правилата и основите на преговорите со ЕУ и практично претставува основа за понатамошно драфтирање или креирање на договорот за наше пристапување кон ЕУ.

Доколку Владата одлучи да го одобри пакетот, може веднаш да се потпише протоколот со Бугарија истална министерот за надворешни работи.

-Пакетот има европска и билатерална компонента. Билатералната компонента е протоколот и тој веќе не е во еворпскиот пакет, туку е билатерален со Република Бугарија, но е дел од овој процес за Бугарија да даде согласност за пакетот, изјави Османи.

Според премиерот ние како држава сме се определиле дека стратешка цел е членство во ЕУ.

-Ние не смееме да бидеме држава која што не сака да се интегрира. Може човек да одлучи сам да биде изолиран, да остане сам за себе изолиран, може да одлучи политичка партија сама за себе да остане изолирана, меѓутоа не смее да дозволи државата и граѓаните да бидат изолирани. Оваа држава Република Северна Македонија со сите свои граѓани се наоѓа во срцето на ЕУ. Ние станавме членка на НАТО благодарение на мнозинството на граѓани и на мнозинството на политички партии коишто и денес се тука – истите политички партии, истакна Ковачевски.

Премиерот објасни дека тој лично имал забелешки за првичниот предлог од Париз.

Тој најави дека нема да има референдум за прифаќање на предлогот, туку ќе оди во собраниска процедура, согласно Уставот и законите.