ТЕРА

REKLAMA???

КОВАЧЕВСКИ: ВРЕМЕ Е ЗА МУДРИ ОДЛУКИ И ЗАЕДНИЧКА ОДГОВОРНОСТ

Во рамки на широката консултација премиерот Димитар Ковачевски, денеска одржа средба со претседателот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицковски.

По завршувањето на средбата, премиерот Ковачевски ги повика сите политички чинители на мудри одлуки и заедничка одговорност пред задачата да се обезбеди европска иднина, бидејќи сега имаме неповторлива можност за просперитет на државата што им го должиме на идните генерации.

„Ова прашање кое го дискутираме деновиве е навистина важно и за иднината на државата и за иднината на граѓаните. Би сакал да повторам дека позицијата во која денес се наоѓаме е далеку поповолна за нас и пред нас имаме предлог кој ги инкорпорира нашите забелешки и јасно изнесени ставови, и за тоа не треба да имаме никакви дилеми.

Во европскиот предлог имаме дефинирани позиции за јасно и недвосмислено прифаќање на МК јазик, ова беше најважното прашање за нас и затоа сакам да сум кристално јасен – Македонскиот  јазик е апсолутно чист и еднаков со другите јазици на Европската Унија без никакви фусноти, дообјаснувања и ѕвездички.

Предлогот воедно ги става билатералните историски прашања надвор од преговарачката рамка, отворените прашања со соседите треба да бидат затворени но затоа ќе имаме време се додека истите не се достоинствени и праведни за двете страни. ЕУ посочува дека тоа треба да се реши на билатерална основа и за тоа ова никако не е дел од рамката за преговорите.

Добрососедските односи како такви се фундамент на ЕУ, ние сме се согласиле дека ќе го прифатиме тоа како факт уште во 2001 година кога е потпишана спогодбата за стабилизација и асоцијација. Во тој дух по тој принцип и по таа воспоставена пракса и традиција, наша обврска како идна членка на Унијата ќе биде да работиме на добрососедските односи и тоа ќе го правиме преку исполнување на договорот за добрососедство исто како што го правиме со исполнување на договорот од Преспа.

Во тој дух, по тој принцип и по таа воспоставена пракса и традиција, наша обврска како идна членка на Унијата ќе биде да работиме на добрососедските односи. И тоа ќе го правиме преку исполнување на Договорот за добрососедство, исто како што го правиме и со исполнување на Договорот со Преспа.

Протоколот меѓу Република Северна Македонија и Република Бугарија, не е нотиран во Преговарачката рамка. Тој е билатерален документ, кој не е дел од Европскиот пакет.

Овој конечен европски предлог овозможува безусловен старт на пристапните преговори на Република Северна Македонија со ЕУ и операционализација на одлуката на Европскиот совет од март 2020. Преговорите со Европската Унија ќе можеме да ги започнеме веднаш по донесувањето на нашата одлука за прифаќање на предлогот.

За крај, сакам да им се обратам директно и на граѓаните. Сите сме свесни за чувствителноста по однос на ова прашање. Лесно е да отфрлиме, да одложиме, да избереме нова неизвесност, но во овој историски момент е потребно рационално размислување со ладна глава. Потребна е мудрост и одговорност и објективно анализирање на сите сценарија, грижејќи се за иднината на нашите деца“ рече Ковачевски.

Премиерот Димитар Ковачевски беше прашан за предлозите, односно барањата на Мицкоски.

„Во однос на тезите кои ги постави Мицкоски сите тие не задираат во третманот на јазикот, ниту во идентитетот и самобитноста на македонскиот народ. Тој е мултиратерален документ кој е усогласен со ЕУ и којшто на нас ни обедбедува да почнеме преговори со ЕУ“, рече премиерот.