Кои фирми направија од 10 милиони евра па нагоре? е насловот на анализата на економскиот портал „Фактор“ за фирмите во битола за 2024 година.
„Анализата и рангирањето што произлезе од неа покажуваат дека битолската економија во својата основа ни од далеку не е индустриски град како што бил. Приматот го држат една голема гринфилд странска инвестиција супортер на големите автомобилски концерни, а во најголемите десет има и една испостава на голема американска компанија за апликативен софтвер. Од домашните големи бизниси тука се најголемата македонска млекарница, најголемата веледрогерија, вториот најголем синџир аптеки, најголемиот македонски производител на сладолед, сериозен ланец на спортски обложувалници, две градежни компании кои главниот бизнис го црпат од РЕК Битола, најголемиот македонски увозник на земјоделска механизација и наменски специјални товарни возила како и еден извозно ориентиран производител на компонентни за мега-вентилациски системи“ стои во информацијата на Фактор.мк.
На следниот линк можете да ја прочитате целата вест.












