Комедијата што ја освои публиката, „Кокошка“, на 07.03. (сабота), со почеток од 20 часот, ќе биде изведена во Битолскиот театар и тоа со 50% попуст за сите дами на билетарата на НТБ.
Во месецот на жената, Народен театар Битола ја носи комедијата за која се бара билет повеќе – претстава што од првата изведба предизвикува громогласна смеа и долги аплаузи.
„Кокошка“ не е само комедија – таа е огледало на нашите карактери, суети, амбиции и апсурди. Со брилијантен хумор, живи дијалози и препознатливи ситуации, оваа претстава ја освојува публиката затоа што сите се пронаоѓаме во неа. Смеата доаѓа природно, искрено и – до солзи. Комедијата на авторот Николај Кољада, е во режија на Марјан Ѓоргиевски. Прифаќајќи ја драмата на својот живот како свој живот, неговите ликови создаваат можност да се прифатат себеси како луѓе, а со тоа и светот светот на сопствените можности како добар свет за себе.
Во истата играат: Јулијана Мирчевска, Катерина Аневска Дранговска, Соња Ошавкова, Александар Димитровски, Никола Пројчевски. За сценографијата се погрижи Валентин Светозарев, костимографија Благој Мицевски, драматург Оливера Павловиќ.
Ова е вечер за гласна смеа, добра енергија и театар што се памети.
А за сите присутни дами НТБ со мало изненадување, како знак на внимание и благодарност. И не само тоа, во месецот кога се слави и светскиот ден на театарот, Битолскиот театар со повеќе изненадувања.













