И вечерва низ битолските маала пламнаа коледарски огнови, традиција со која се најавуваат претстојните празници- Бадник и Божик.

Дури 12 коледарски огнови горат во маалото „Стив Наумов“, а празнична атмосфера на сплотеност владее и во населбата „Црн мост“ во Битола.

Ништо поразлична не е и атмосферата покрај коледарскиот оган во битолското село Ротино.
Обичаите за Коледе почнуваат во ноќта пред празникот Бадник со палење големи коледарски огнови, кои горат до доцна во ноќта, со песна, оро, грееана ракија и вино.

Коледарскиот оган за битолчани претставува и социјален настан за дружба меѓу луѓето. Огнот на едно место ги собира и зближува соседите, роднините и пријателите.












