ТЕРА

REKLAMA???

КОЛКУ УЧЕНИЦИ ЌЕ ЗАПИШАТ СРЕДНИТЕ УЧИЛИШТА ВО БИТОЛА

Министерството за образование и наука го објави Конкурсот за упис на ученици во јавните средни училишта во Република Северна Македонија за учебната 2023/2024 година.

Пријавувањето и запишувањето на учениците ќе се врши во еден уписен рок со две пријавувања во месец јуни, на 20  и 21 јуни и второ пријавување на 27 и 28 јуни 2023 година, преку порталот за електронски услуги на Министерството за образование и наука..

Во училиштата каде што ќе се пријават поголем број ученици од планираниот број, кои ги исполнуваат предвидените услови, ќе се организира квалификациско тестирање по наставниот материјал од осмо и деветто одделение по следните наставни предмети:

– за гимназиско образование – мајчин јазик и математика;

– за здравствена струка – биологија и хемија,

– за другите струки – мајчин јазик и математика.

Во Гимназијата „Јосип Броз Тито“ во  прва година ќе се запишат 180 ученици во 6 паралелки со настава на македонски јазик . Во Гимназиско образование – 150 ученици, 5 паралелки и Гимназиско образование  (македонско – француска билингвална паралелка) – 30 ученици, 1 паралелкa.  

Во Техничкото училиште „Ѓорѓи Наумов“ во прва година ќе се запишат 259 ученици во 10 паралелки со настава на македонски јазик според наставни планови и програми за: Машинска струка – 136 ученици, 4 паралелки и Електротехничка струка – 159 ученици, 6 паралелки.

Во СОУ „Таки Даскало“ во прва година ќе се запишат : Гимназиско образование – 102 ученици, 3 паралелки, Гимназиско образование (македонско – англиска билингвална паралелка)  – 34 ученици, 1 паралелка.

Геолошко – рударска и металуршка струка – 34 ученици, 1 паралелкa

Градежно – геодетска струка – 68 ученици, 2 паралелки

Сообраќајна струка – 68 ученици, 2 паралелки

Текстилно – кожарска струка – 34 ученици, 1 паралелкa

Графичка струка – 68 ученици, 2 паралелки

Угостителско – туристичка струка – 34 ученици, 1 паралелка

Лични услуги – 34 ученици, 1 паралелка

Во Економското училиште „Јане Сандански“ во прва година ќе се запишат 170 ученици во 5 паралелки со настава на македонски јазик според наставни планови и програми за: Економско – правна и трговска струка – 170 ученици, 5 паралелки

– економски техничар мак 136 уч. 4 пар.

-е– трговија и дигитален маркетинг мак 34 уч. 1 пар.

 Во Земјоделското училиште „Кузман Шапкарев“ во прва година ќе се запишат 34 ученици во 1 паралелкa со настава на македонски јазик според наставни планови и програми за:

Земјоделско – ветеринарна струка – 34 ученици, 1 паралелкa

Во медицинското „Д-р Јован Калаузи“ Во прва година ќе се запишат 254 ученици во 8 паралелки со настава на македонски јазик според наставни планови и програми за:

За  Здравствена струка – 254 ученици, 8 паралелки

За насоката Лични услуги – 34 ученици, 1 паралелка

Во Државното Музичко училиште во Битола во прва година ќе се запишат 34 ученици во 1 паралелка со настава на македонски јазик според наставни планови и програми за: Уметничко образование – музичка уметност – 34 ученици, 1 паралелка .