ТЕРА

REKLAMA???

КОНСТИТУИРАН СОВЕТОТ ЗА ЖЕНСКО ПРЕТПРИЕМНИШТВО, ЗА ПРЕТСЕДАТЕЛКА ИЗБРАНА АНА РИСТЕВСКА

Денес, во Општина Битола, се одржа конститутивна седница на Советот за женско претприемништво, кој има за цел да ги претставува и застапува интересите на актуелните и потенцијални жени претприемачки во општина Битола преку давање на мислења и препораки за прашања од интерес на женското претприемништво и еднаквите можности, креирање на планови, стратегии и политики за поддршка на жените претприемачки и економско зајакнување на жените.
На конститутивната седница, за значењето на женското претприемништво, говореа координаторката за Пелагонискиот регион на националната платформа за претприемништво, Даниела Цветановска и правниот советник Талија Петреска.
Присутните членови на Советот, ги поздрави градоначалникот на општина Битола, Тони Коњановски, посакувајќи им успешна работа.
Членовите на Советот за женско претприемништво, за претседателка ја избраа Ана Ристевска, сопственик и управител на Јавен Адвертајзинг Битола, а за заменички беа избрани Оливера Пандаревиќ и Моника Марковска.
„Преку советот за женско претприемништво максимално ќе се залагаме за поттикнување на жените за учеството во бизнис секторот како основачи на фирми и да ги искористуваат сите можност за поддршка. Сметам дека формирањето на овој совет е клучно за Пелагонискиот регион, бидејќи не само што придонесува за задржување кадри, туку и го поттикнува општествениот напредок преку искористување на женските вештини и иницијативи. Максимално ќе се залагаме лично јас, а и сите останати членови од советот да ги оствариме првично зацртаните цели и да создаваме нови можности за поттикнување на жените од најразлични области и возрасни категории“, рече Д-р Ана Ристевска, сопственик и управител на Јавен Адвертајзинг Битола.