ТЕРА

REKLAMA???

КОНЦЕРТ ВО ЧЕСТ НА РОСКА БЛАЖИЌ И ХРИСТАКИ НАУМОВСКИ

Во Државното музичко училиште во Битола продолжуваат концертите  во чест на еминентните професори,значајни за издигнувањето на квалитетот во ова училиште. Во гудачката класа тоа беа проф.Роска Блажиќ и проф.Христаки Наумовски. Овие два професори скоро целиот работен век го поминале во Државното музичко училиште како професори по виолина.Низ годините тие школувале стотици ученици освојувајќи републички и државни награди.

Роска Блажиќ била родена 1954 год.во Битола.Нејзиниот талент за музика го покажува уште од најмали нозе. Определбата за средно музичко училиште-Битола отсек виолина успешно го завршува во 1973/74год.Образованието го продолжува на Факултетот за Музичка Уметност во Скопје каде дипломира како виолинист.Неколку години подоцна се вработува во Музичкото училиште во Кавадарци и Неготино,каде и се нејзините почетоци како професор по виолина,за да после неколку години дојде во нејзиниот роден град , Битола. Нејзината фотографија сеуште стои во нејзиниот кабинет па така со самото тоа, нејзиниот лик и име никогаш нема да бидат заборавени.

Проф.Христаки бил роден 12.06.1950 год.во Битола.Средно музичко училиште заврши во Битола, а потоа го продолжи на Факултетот за музичка уметност во Скопје прво во теоретскиот оддел, а подоцна отиде на стручно усовршување по предметот виолина кај проф.Ратка Димитрова.Својот работен век го поминал во Државното музичко училиште како проф.по виолина.

Постојано бил во неговиот кабинет и освен што предаваше виолина,тој уживал и во одржувањето на стари виолини,средување на сите делови на виолината и гудалото.На неговата катедра секогаш имало алатки со кои ги корегирал сите недостатоци на инструментот. Кога зборуваме за проф. Христаки не може а да не се спомене неговата педантност околу собирањето на музичката литература и одржувањето на музичката библиотека .Секоја партитура што поминала низ неговите раце е укоричена со тврд повез,потпишана и ставен печат со логото на ДМУ.До ден денес благодарение на Проф.Христаки, оваа литература се користи во музичкото училиште.

Проф.Роска,Христаки, Христина Трајановска проф.Зоран Маневски,Ванчо Стоилков,Панде Тунтевски,а подоцна и денешните професори во училиштето, се заслужни за оформувањето на Камерниот оркестар на Битола кој сеуште функционира како Битолски Камерен оркестар.