ТЕРА

REKLAMA???

КОНЦЕРТ НА ДАВИД И ДИМИТРИЈ СТОЈЧЕВСКИ

Уште еден исклучителен музички настан се одржа во Палатата на културата – Офицерски дом Битола, солистичкиот концерт на Димитриј и Давид Стојчевски од класата на: професорките Татјана Божиновска, Билјана Димовска и Маја Божиновска.

На програмата беа дела од Виталиј Неугасимов, Бах, Бетовен, Рахмањинов, Брамс, Вулчанов на која изведба гостин на концертот беше Мартин Андреески на кларинет.

Димитриј и Давид Стојчевски своето музичко образование го започнале на 6 годишна возраст во класите по пијано на проф.Татјана Божиновска и Билјана Димовска. Од своите почетоци учествуваат на многубројни државни и мегународни натпревари во земјава и надвор од неа и добитници се на повеќе награди во соло-пијано дисциплина: Државен натпревар на млади музичари на Македонија, Меѓународни натпревари во Гевгелија, Врање, Ниш, Велес, Меѓународни натпревари во Италија, Полска, Босна и Херцеговина, САД, Смедерево, Меѓународниот фестивал “Полихимнија” , “Пијано фест”. Како дуо-пијано прв пат настапуваат во 2018 г.на престижниот меѓународен натпревар “Охридски Бисери” каде освојуваат Прва награда.

Истата година настапуваат на Меѓународниот натпревар за камерна музика во Кавадарци каде добиваат Специјална награда со 100 поени и се прогласени за лауреати на натпреварот. Оваа година завршуваат 1 клас Средно музичко училиште во класите на истите професорки-Татјана Божиновска и Билјана Димовска кои со својата посветеност имаат доста големи заслуги за нивниот напредок. Исто така оваа година се добитници и на Специјална награда по солфеж на Државниот натпревар под менторство на проф.Гордана Трајковска и Специјална награда по камерна музика под менторство на проф. Маја Божиновска. Учесници се и на семинари, од кои ги издвојуваат семинарот со мак. пијанист Дино Имери, како и со хрватската пијанистка и професорка Катарина Крпан. За крај на концертот Димитриј и Давид ја изведоа композицијата „Тарантела“ од балетот „Ањута“ на Гаврилин .