ТЕРА

REKLAMA???

КОНЦЕРТ НА МАЈА БОЖИНОВСКА И ЗЛАТА ТОШЕВСКА ВО СКОПЈЕ

Во Културно информативниот центар – Скопје се одржа концерт на Злата Тошевска (сопран) и битолчанката Маја Божиновска (пијано). На програмата беа дела од Бах, Хендел, Глук, Брамс, Хендел, Глук, Брамс, Малер, Штраус и Зографски.

Пијанистката Маја Божиновска е уметник која својата кариера ја гради со висок професионализам преку настапи на домашни и странски музички подиуми. Дипломира на ФМУ – Скопје во класата на проф. м-р Тодор Светиев, а во 2015 година е избрана за активен студент на мастеркласите по пијано раководени од пијанистката Лилја Зилберштајн во реномираната Academia musicale Chigiana во Сиена- Италија, каде реализира и свој настап на летниот музички фестивал Chigiana International music festival- Il Classico Inatteso – Siena. Соработка со Лилја Зилберштајн продолжува на Универзитетот за музика и изведувачки уметности во Виена, под чие менторство запишува магистерски студии кои ги заокружува во 2017 година. Од 2015 год. работи како професор во Државното музичко училиште во Битола, каде со своите ученици остварува значајни резултати.

За Злата Тошевска, музичката критика ќе каже: „Тошевска има топол спинтов глас кој ве води назад во златната ера на оперското пеење, поткрепен со неверојатна музикалност и сценичност“.

Во 2017та год. таа магистрира на отсекот по оперско пеење на Академијата за Музичка, Танцова и Ликовна Уметност во Пловдив- Р. Бугарија во класата на м-р Лилија Илиева. Својот талент, техника на пеење и актерска игра ги усовршува со учество на над 13 мастеркласи и летни академии. Во 2019 год., таа е наградена со највисоката стипендија „Emerging Artist“ од Premiere Opera Vocal Arts Institute, каде учествува на 4 неделна академија по оперско пеење и актерство во Трани- Италија. Таа е солист во Македонската опера и балет.

Неда Маретиќ