ТЕРА

REKLAMA???

КОРЕНИ И КРИЛЈА – ЕВРОПСКА ДИПЛОМА ДОМА!

СредноШКОЛЦИ и средноШКОЛКИ – школки полни со талент! Вашите умови кријат бисери, време е да ги откриете! Ве предизвикуваме на акција! Покажете ја вашата креативност!

Ова е составен дел од конкурсот на УКЛО Колорс со кој се повикуваат средношлколците да размислуваат за иднината на Универзтитетот во европски рамки, најпрвин преку Алијансата на 8 универзитети од европските земји, а потоа и генерално, Европа.

Се работи за повик со кој Универзитетот „Св. Климент Охридски“ и Алијансата КОЛОРС бараат литературни, мултимедијални и ликовни творби од учениците од средните училишта со кои ќе ја претстават својата визија за УНиверзитетот. Па вели,

Забавувајте се додека креирате изработки од најразлична природа, и тоа: Литературни (поезија, проза, скеч…) Мултимедијални (постери, кратки видеа (reels, shorts), аудио-џинглови, инфографици и…) Ликовни (традиционални и современи во сите техники и формати, изработки, оригами…) .

Организаторот на овој конкурс нуди и инспирација, низ некои коментари, кои се во функција на подетално насочување на мислата: 1. Дали е зелената трева секогаш позелена кај комшиите? 2. Кај се баба и деде? – Одлетаа да чуваат внуци. 3. Туѓината пуста да остане, таа од либето ме раздели. 4. Блиски, а далечни – семејните врски зависни од интернет конекцијата. 5. Орелски крилја как да си метнех, и в’наши ст’рни да си прелетнех. 6. Слушнете неее! – Младите имаат што да ви кажат. 7. Ciao ragazzi! Au revoir! Hallo! Merhaba! Tung! Поздрав од мојата прекрасна татковина. 8. Космополит сум – мојот светоглед е отворен и спремен за културен натпревар меѓу народите. 9. Вредниот студент е вреднуван во КОЛОРитниот УКЛО. 10.Мојата визија за Европскиот универзитет на иднината КОЛОРС.

Конкурсот е отворен од 24.2.2025 година, крајниот рок за поднесување на креативните дела е отворен до  25.3.2025 година. Изработките треба да се испраќаат на info. colours@uklo. edu.mk, a во себе да содржат и информации за авторот или авторите доколку се работело во група, маил адреса на менторот, училиште, град, телефонски број за да може да се контактира со авторите или менторот.

Литературнит творби да се испратат во ПДФ формат, мултимедијалните – во соодветен факјл. Ликовните да се фотографираат и да се испратат само фотографиите.

Со испраќањето на творбите се согласувате на собирање, обработка, чување и објавување на личните податоци од страна на организаторот, и разбирате дека ќе бидат користени за цели поврзани со конкурсот, како и за комуникација во форма на имејл пораки со покани за активности, информации за корисни содржини и изработки и други информативни содржини. Согласноста може да ја отповикате во секое време, со допис на истата имејл-адреса. – вели организаторот и повикува на почитување на одредени норми од заштитата на приватноста . Имено, училиштата е потребно да имаат добиена согласност од родителите на учесниците за споделување на творбите и личните податоци на учениците на конкурсот и во активностите и медиумите на организаторот на конкурсот.

За кратки видеа со снимани ученици, треба да биде приложена и согласноста од родител/старател.

Изработките кои ќе бидат селектирани, ќе бидат јавно претставени на отворени активности во Битола и низ целата држава, како и во медиумите на УКЛО (веб-страницата, Универзитетското радио УКЛО ФМ, социјални мрежи, УКЛО КОЛОРС магазинот и изработки итн.) и во градовите во кои УКЛО има свои единици. Преку ваквото поврзување, отвораме и дополнителни можности за соработка на Универзитетот со менторите и училиштата. Учесниците и менторите добиваат сертификати од УКЛО КОЛОРС, алијанса која гради европски универзитет. Покажете ги своите најубави бои, a заедно да ги покажеме – нашите најубави нијанси, живописноста и разнобојноста во Европа.

Конкурсот трае до 25 март , а изработката треба деа се испраќа на маил на info.colors@uklo.edu.mk