Еден од централните моменти на одбележувањето беше отворената Колаборативна мобилна зона поставена на Широк Сокак и во киното „Манаки“, како дел од КОЛОРС Алијансата. Овој простор овозможува инклузивен и интерактивен дијалог меѓу студенти, млади истражувачи и пошироката јавност. До крајот на денот, во Студентскиот информативен центар се собраа сите партнери на УКЛО, кои направија своја презентација.
Широк Сокак денеска повторно беше во знакот на мобилната единица на Алијансата КОЛОРС, кадешто сите граѓани, широката јавност може да се информираат за соработката на 9те европски универзитети што ја сочинуваат, но и да се претстават себеси и своите намери за соработка со или изучување во УКЛО.
CoSpace зоната – простор кој се профилира како лабораторија за студентско претприемништво, ко-креирање и интердисциплинарна соработкa, сместен е во Студентскиот информативен центар, а денеска таму студенти, професори, високи претставници на Алијансата , претставници на Општината, и на десетина претрпијатија кои се во директна соработка се продискуира стратешката соработка со УКЛО како високообразовна институција и УКЛО како дел од мрежата на уште 8 други универзитети.
Под водство на академскиот кадар на УКЛО и на професори од партнерските институции, беа одржани бројни интерактивни сесии со фокус на иновативни образовни модели, кои произлегуваат од соработката во рамки на УКЛО КОЛОРС. Странските гости, предводени од проф.Д-р Хаике Траутман, претседателка на се под импресија на мултикултурната средина којашто ја има на Универзитетот, што овозможува добра интеграција на студентите на УКЛО со различната култура на студентите од 8-те други членки на Алијасата. А тоа е само по себе предизвик.
„Многубројни се предизвиците , Алијансата КОЛОРС не е обичен проект, ниту обичен европски истражувачки проект, овие европски Алијански, а ги има 65 низ Европа, тие се дел од трансформацискиот процес, така се наречени. И тоа е тоа што ние гледаме, имаме 9 различни системи , 9 различни академсски системи, културни системи, различни начини на работа, различни начини на комуникација и, да ги споите сите овие е многу комплексно. За мене е интересно затоа што се тоа комплески редини, но , за меѓусебното запознавање е потребно време, ни треба време да изградеме меѓусебна доверба пред да работиме заедно. И тоа е предизвикот, немаме време коешто реално ни е потребно да пораснеме заедно како семејство – изјави д-р Анете Клинкерт, директорка на Алијасата, којашто во моментов пред европските институции ги претставува своите досегашни успеси како би можело ваквиот начин на соработка – европски студии од дома, да продолжи.
Студентите се во фокусот на вниманието, како идната генерација којашто ќе го обликува светот. А многуброните активности се позитивни за сите студенти, вели Катерија Стојкоска, студент на Технички факултет, на втор циклус, која дипломира графичко инженерство.
Одбележувањето на Денот на основање на Универзитеот продолжува и во следните два дена. Утре настаните се лозирани во офицерски дом, започнуваат од 11 часот, а поканети се сите од академијата и граѓаните.












