ТЕРА

REKLAMA???

Коњановски без сметка и одговори за Зимска Приказна

Зимската приказна била пример што многу општини го следат, ама досега нема сметка колку од парите на граѓаните се потрошени за оваа манифестација. Нема точен податок колку туристи дошле во Битола токму заради зимската приказна. За манифестацијата градоначалникот зборуваше на прес конференцијата одржана по повод 100 дена нов мандат.

„Оваа зима, приказната не се чита — се чувствува“, беше слоганот на зимската 2025/26г.  Засега, еден месец по нејзиното завршување, нема јавност на информацијата за која градоначалникот вети информација за јавноста.

На прес конференцијата од 19 декември минатата година, најавувајќи ја манифестацијата рече „ Имајќи ја предвид ваквата заедничка организација и постапките кои се финализираат, по завршувањето на целата програма јавно и транспарентно , исто како и минатата година ќе ја објавиме и целата финансиска конструкција на манифестацијата.“

Градоначалникот на прес конференцијата одржана по поводот 100 дена нов мандат зборуваше дека манифестацијата е многу убава. Не даде одговор на прашањата кој прашањето кој правен субјект беше избран да понуди идеја и да ја реализира, колку за тоа беше платен, ниту одговори колку јавни набавки за посебни услуги и по забрзана постапка се направени, не одоговори ни  колку тендери за услуги има направено општината како организатор или непознатиот правен субјект – реализатор, ниту колку пари влегле во општинската каса како донација. Не одговори ниту колку пари им плати општината на изведувачите, а не ја кажа ниту вкупната сума што ја „почувствува“ Битола од општинскиот буџет.

Рече: „Видете, иако Зимската приказна побудува голем интерес таа е можам да кажам одговорно модел еден кој го преземаат многу. Не дека е тоа некоја иновација или не знам што. Такви зимски панаѓури или како ќе ги наречеме базари или прослави се одвиваат под вакво или такво име во сите светски метрополи ; Битола се вклучи, се вклучуваат сега и останатите градови… А во делот на прашањата кои ги поставивте јас колку знам вие поставивте неколку пати и писмено и дека ви се одговори на делот од тие …“

Тера: – не конкретно, следното прашање би било дали сте задоволен од администрацијата која нема конкретен одговор !?

Коњановски: „Значи мислам дека се одговори и исто така и Зимска Приказна и КИЦ дадоа информации за како се одвиваа сите настани во културно-информативниот центар за зимската приказна и за сите податоци така да јас ништо повеќе , неколку пресови беа правени на самиот почеток од реализацијата на зимската приказна , ако сакате тема за тоа посебно повторно ќе речам пратете инфромација ќе ги добиете сите ….

Тера: Ќе има ли извештај како минатата година или пак прес конференција како формат?

Коњановски: „ Не знам дали би било низ прес конференција , сите податоци, видете јас ве разбирам за интересот, но нема скриена тема која може да ја скриете од јавноста и во делот на кој го организира и како го организира – Општината со средства предвидени од буџетот за култура во секој случај , сето тоа е регулирано и и со закон, “

На прес конференцијата за најава на манифестацијата вети информации за граѓаните, исто како лани.

Тера: Колку пари чини?

Коњановски: „ Па ги кажавме повеќепати досега. На оваа тема не би елаборирал повеќе зашто навистина доволно таа тема беше во јавноста експлоатирана.“

Инаку, општините, кои работат со парите на граѓаните имаат Закон за јавни набавки со кој работат на секој од сегментите за кои им се потребни услуги. Законот сепак во неколку членови предвидува отстапки од строго утврдените правила – за посебни услуги, за мали јавни набавки. Предвидува и поедноставена постапка за сите правни субјекти, со специфични дејности. Овие законски отстапки не ја исклучуваат транспарентноста.

Или, јавните пари бараат јавност.

Тера праша и за донациите, нивното објавување, за туристите и мерењето на нивниот број.

Некои од јавно достапните информации говорат дека од конкурсот за избор на реализатор на зимска приказна, преку оној за избор на субјекти кои ќе ја збогатат програмата, до конкурсот за куќарките,  Општина Битола објави и тендер за озвучување во вредност од 1.500,000 денари, за јавно и патролно обезбедување во вредност од 400.000 денари, тендер за набавка на материјали за осветлување и купување новогодишни украси во вредност од 1.940,00 денари, имаше ангажирано 88 музички изведувачи и непознат број на надворешни соработници кои биле ангажирани според Законот за волонтери.

Во прилогот подолу, одговорите на градоначалникот Коњановски интегрално.