Градоначалникот на Битола, Тони Коњановски соопшти дека веднаш излегол на лице место каде што се случи немил настан при изведување на градежни активности на приватен објект, кој се гради во старата битолска касарна со цел Општина Битола веднаш да реагира соодветно и согласно своите надлежности.
„Исто така со мене на терен е и овластениот градежен инспектор кој ќе изврши надзор врз активностите на инвеститорот, изведувачот и надзорот на објект каде се случи овој настан. Причинета е само материјална штета. Од клиничка болница Битола и службата за итната медицинска помош ме информираа дека нема пријавено повредени лица. Објектот има уредно издадено решение за градбa. Издадено ќе биде и решение за затворање на градилиштето“ соопшти Коњановски преку објавата и со фотографии на својот Фејзбук профил.















