Притисоците врз просветните работници коишто штрајковаат продолжуваат, посебно во градинките, рече градоначалникот на Општина Битола Тони Коњановски, прашан за тоа како тече штрајкот на СОНК во Битола.
„За жал притисоците продолжуваат посебно во делот на детските градинки. Ние официјално изминатата недела пративме допис официјален, фактички ја препративме претставката која што беше од дел од вработените од ЈОУДГ„Естреја Овадија Мара“ до министерството и до инспекторатот и се надевам на позитивна реакција. Треба да ги оставиме оние луѓе коишто ги воспитуваат нашите деца да се изборат за своите права, тоа се лигитимни права и ние тоа го поддржуваме“, рече градоначалникот на Битола Тони Коњановски.













