Краткотраен пожар предизвика голем и црн чад утринава во индустрискиот дел на градот. Противпожатната служба немаше интервенција, затоа што како што се запали , така и се угасна.
Црн чад утринава ги вознемири минувачите и сопствениците на локалните претпријатија на улицата железничка , кадешто се наоѓаат неколку напуштени и запуштени објекти. Објектот на влезот има фирма Цурка, а внатре е комплетно празен, со искршени прозорци, делумно урнисан покрив и сам по себе претставува опасност за околината. Често во него преспиваат бездомници или само ги вршат своите физиолошки фуинкции, предизвикувајќи така незаштитен и безбедносен проблем. Од неговата задна страна се наоѓа исто така напиштениот комплекс објекти некогаш седиште на битолската Свилара.
Од ТППЕ не информираа дека имале дојава во 9.25 минути дека на локацијата с епојавил пожар, и тоа од луѓето кои и сведочеа на пожарот и се обидоа да го угаснат. Испратено било едно возило со 5 пожарникари , но во меѓувреме пожарот беше угаснат. Единствено што екипата можеше да направи е да го провери објектот и да се осигура дека денешниот пожар е сосема угаснат. Проблемот за екипата настанува заради фактот што и за време на викендот во внатрешностга на овој објект имало пожар. По екипите на ТППЕ на местото на настанот беа и екипи на СВР Битола.











